Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

ОСВРТ КОН ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА *

Автор: доц. д-р Маријана Николова Стамова, Институт за балканистика со Центар по тракологија при Бугарската академија на науките, Софија, Република Бугарија

Договорот за пријателство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, наместо да биде она кое што треба да биде, т.е. да допринесе за зближувањето на двете држави, се претвори во акт којшто доведе до обратни ефекти. Ќе пробаме да дадеме некои објаснувања за тоа коешто ќе се случи. Се разбира, не можеме да ги занемариме историските процеси во минатото, но нема да ставаме акцент на таа димензија на Договорот.

Најпрво треба да потенцираме дека Договорот помеѓу Република Бугарија и Република Македонија е склучен помеѓу двете влади како прв договор, или пред склучувањето на Договорот помеѓу Република Грција и Република Македонија. Истовремено е познато дека склучувањето на Договорот со Грција е иницирано како неопходност Република Македонија да си го промени името во “Република Северна Македонија“ како услов за прием на државата во НАТО и за започнување на преговори за прием на државата во Европската Унија. Всушност, Бугарија не настојуваше за тој Договор со Република Македонија, туку се согласи да го потпише како своевиден вовед кон следниот договор, замислен со Грција.

Тоа не создаде никаков проблем, и покрај тоа што јавноста во Бугарија, особено научната јавност, не беше убедена дека името Северна Македонија е најсоодветното, т.е. тоа во целост не ги исклучуваше територијалните претензии, кои во иднина би можеле да настанат од страна на Грција кон пиринскиот дел на Македонија, којшто се наоѓа во територијалниот опфат на Република Бугарија. Дури и раководните структури и луѓето во Република Македонија беа изненадени дека Бугарија, како пријателстка држава и евентуален заштитник на македонските интереси во Европската Унија, толку лесно се согласи со тоа име. Се разбира, за наметнување на новото име клучна беше улогата на Грција. Грција е најстарата земја-членка од балканските држави, интегрирана во НАТО, а последователно и во ЕУ.  Така улогата на Бугарија во тие и во слични процеси беше маргинализирана, а некому, посебно за управувачките кругови во Грција, тоа во целост им одговараше. Можеби под притисок, Бугарија избра да го потпише договорот со Република Македонија, без да очекува дека тој ќе биде искористен како мотив за потпишување на договорот со Република Грција, со кој Република Македонија се обврзува и од неа се бара да си го промени уставното име. На тој начин потпишувањето на договорот помеѓу Република Бугарија и Република Македонија се случи како многу лесно, така и многу бргу, а кога се брза со нешто, се случува токму тоа, поточно, да не се изјасни во целост комплетната ситуација и да не се предвидат евентуалните позитивни, како и негативни последици од тоа дејствие.  Така што, потпишаниот договор беше недоволно осмислен и нешто кое е уште поважно во многу сегменти од договорот – недоволно применлив како меѓународен акт и неприменлив во светло на историските процеси и развивачките историски односи помеѓу двете држави.

Познато е дека ратификувањето на Договорот помеѓу Република Грција и Република Македонија не се случи лесно. Поголемиот дел од македонската јавност не ја прифаќаше и не ја прифати промената на името во „Северна“. Не прифати и да се откаже од својата античка историја. Грчката држава настојуваше да не се споменува името “Македонија“, но сепак, како отстапка од нивна страна, се согласи тоа да се случи. Владата на Република Македонија, раководена од тогашниот премиер Зоран Заев, вложи големи напори да ги убеди луѓето дека со тој чин ќе се создадат условите, т.е.  ќе се исполни и последниот предуслов за приклучувањето на Република Македонија во НАТО и за отварање на патот за преговори со ЕУ, и дека нема за што повеќе да се чека.

Пристапот на албанското население во Македонија, кое што учествуваше во владата со непропориционално поголем број министри од самото население беше за поддршка на договорот. Тоа се интересираше за Европа и без да ги земе предвид македонските национални интереси. И покрај тој притисок, референдумот за промена на името не беше успешен. Дополнително, по секаква веројатност и преку различни видови притисоци и непосредно мешање на структури од страна на НАТО и ЕУ, се извршија предвидените уставни измени за името и сите други уставни дополнувања. Конкретниот резултат од ова беше само приемот во НАТО, а клучниот – започнување на преговори за прием на Република македонија во ЕУ изостана.

Бугарската држава не остана задоволна од она што се случи со Република Македонија. Дури подоцна владата на Република Бугарија сфати дека е извршена неправда спрема Република Македонија, но исто така и кон Република Бугарија. Бугарската држава осозна дека со тој договор Грција доби шанса да ги реализира своите територијални претензии, не само со промената на името, туку и почуствува дека и нејзиниот територијален интегритет во однос на пиринскиот регион е загрозен од страна на Грција. Таа разбра дека Договорот помеѓу Република Бугарија и Република Македонија всушност и беше подметнат, бидејќи истиот, земајќи ги предвид историските околности, нема да може да биде исполнет, и на тој начин Бугарија ќе ја изгуби Република Македонија како блиска и пријателска држава.

Најпрво, Бугарија побара ревизија на договорот и негово дополнување со анекс, кое што од своја страна предизвика отпор кај македонската јавност, особено во однос на опозицијата.  Најмногу поради домашни политички потреби опозицијата не се согласи на таков договор, а уште помалку на евентуални измени и дополнувања. Така, остана идејата да се работи на исполнување на тој договор, таков, каков што е.

Откако се распадна Југословенската федерација, Република Бугарија прва ја призна Република Македонија на 15 јануари 1992 година. Но, Бугарија одбива да го признае постоењето на македонскиот јазик и историја, заради тоа што, потпирајќи се на научни сознанија ја застапува тезата дека Македонците не биле посебна нација, туку дека се дел од бугарската. Во текот на комунистичкиот период, томови книги докажуваа дека не постои таков народ и јазик. Дури и владата на Република Бугарија, при донесувањето на Уставот на Република Македонија на 17 ноември 1991 година по нејзиното осамостојување, одби да се вклучат Бугарите како национално малцинство, како што беа вклучени останатите етнички заедници, со тврдење дека бугарите не се малцинство, туку мнозинство од народот во Република Македонија. Ова е причината поради која Бугарија ја призна независноста на Република Македонија, сметајќи ги Македонците како дел од бугарската нација.

Бугарската историографиjа, како и дел од много други светски научници, сметаат дека македонска нациjа пред 1944 година не постоела. Со конституирањето на Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ) на Второто заседание на АВНОЈ (Антифашистичко собрание за национално ослободување на Југославија) на 29  ноември 1943 година и другите уставни трансформации, подоцна е признаено постоењето како на црногорската, така и на македонската нација како конститутивни народи во Југославија и така беа создадени шест републики со пет признати народи. Босанската нација не беше призната, туку само Босна и Херцеговина како република, која е составена од три народи (Срби, Хрвати и Муслимани).

Признавањето на македонската нација беше прифатено од македонскиот народ. Во текот на 1945 година е направена првата кодификација на македонскиот јазик и започнува градењето на култот кон националното прашање. За тоа помогна и фактот што другите нации во Југославија, како и надвор од неа, го признаа постоењето на македонската нација и нејзиниот јазик. Почна да се создава национален култ околу јазикот и историските личности, за кои постоjат историски извори каде се изjаснуваат како Бугари. Некои од личностите кои се занимаваат со јазичното прашање и денес се слават во науката, а нивните следбеници го негуваат овој култ, се разбира, користејќи ги привилегиите на МАНУ и другите институции, но и од југословенските служби за безбедност.

Најголемиот дел на академиците кои првпат беа избрани од комисијата од Белград (која се нарекуваше Матична комисија) беа од редовите на лингвистите кои се занимаваат со изучувањето на македонскиот јазик, како и од редовите на историчарите. За Бугарија тоа не беше важно. За неа не постои македонска нација, како што не постои ниту македонски јазик, кој што бил дијалект на бугарскиот, иако овој јазик бил користен како рамноправен, се развивал, вештачки се одвојувал од бугарскиот и на тој јазик се создавала и се создава обемна издавачка дејност која се рашири помеѓу населението. Така да, сега реално има два различни јазици, а тоа бугарската наука не го прифаќа.

Се разбира, тој факт на негирање на македонскиот јазик и македонската нација негативно се одразува на односите помеѓу двете соседни држави. Освен тоа, учеството на Бугарија во Втората светска војна на “фашистичката“ страна, кое што исто така воглавно беше направено во името на Македонија, негативно се одрази врз односот на македонскиот народ кон Република Буарија. Влијание врз тоа има и самата бугарска историографија, која што, за да се прилагоди кон руските и советските ставови, долго време по 1945 година својата историографија од Втората светска војна ја сметала за “фашистичка“. На ова влијаеше и хегемонистичката политика на СССР кон Балканот. Одвреме – навреме, тоа беше поттикнато од југословенската државна политика, која преку службите на ОЗНА (Одделение за заштита на народот), потоа  УДБ (Управа за државна безбедност) водеше антибугарска пропаганда и тврдеше дека пиринскиот дел на Македонија и припаѓа на Југославија, односно на НР/СР Македонија како нејзин составен дел.

Во такви историски околности, помина помалку од еден век од постоењето на Република Македонија и признавањето на македонската нациjа со искључок на официjална Бугариjа.   Преку Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, Бугарија се обидува да постигне признавање на историската вистина, особено имајќи го предвид фактот дека Грција постигна многу со таканаречениот Преспански договор. Но, мора да се има предвид фактот дека ЕУ цврсто застана зад Грција, што не е случај со Република Бугарија.

Според нас, овој договор за добрососедство, таков, каков што беше склучен, е тежок за исполнување. Македонската држава, потпирајќи се на сопствената историографија, тешко дека ќе се согласи да го промени инструментариумот, кој што е воведен во нејзината инториографија. Бугарската држава е во право кога тврди дека во македонската инсториска наука има фалсификати, а македонската страна не се обидува да размисли дали тоа е возможно, обвинувајќи ја за тоа бугарската страна, дека со францускиот предлог бара нереални и невозможни промени.

Со тек на годините, се создаде една антипатија од страна на Република Македонија кон Република Бугарија. Култот на научните и политичките личности се градеше врз антибугарската кауза. Виновна е и дел од бугарската jавност (цела Буоја има историски личности за почит, но сепак инсистира на имиња на личности за бугарските клубови во Македонија, кои во минатотото “грешеле“ против Македонија а и во Бугарија не се едногласно и позитивно прифатени.

Според нашата проценка, со остранување на грешките и од двете страни, со флексибилност, отстапки и трпение како од страна на Скопје, така и од страна на Софија, Договорот има можност да биде исполнет и да се имплементираат неговите одредби. Францускиот предлог ја дава оваа можност. Најреално е да се пристапи кон постепено зближување. Работата на мултидициплинарната комисија досега и во многу случаи покажува едно дополнително заострување на тензијата помеѓу двете држави, како и отежната перцепција на донесените заклучоци и одлуките, кои се донесуваат.

[1] На 12.02.2019 г. Стапуваат на сила уставните измени, со кои се исполнети сите услови за применување на името “Република Северна Македноја“, скратено “Северна Македонија“. Во анализата главно ќе се користи името Република Македонија до периодот на промена на името на државата, а по тој период ќе се користи “новото“ име – Република Северна Македонија. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка е склучен помеѓу Република Бугарија и Република Македонија на 1 август 2017 година, а спатува на сила по размена на инструментите за ратификација помеѓу министрите за надворешни работи на 14 февруари 2018 година.

Оваа анализа е дел од проектот: „Демистифицирање на (не) соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија“ поддржан од Канадската амбасада во Белград, преку Kанадскиот фонд за локални иницијативи-(CFLI). Содржината на публикацијата е единствена одговорност на ЕВРОТИНК-Центар за европски стратегии  и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Канадската амбасада во Белград и Канадскиот фонд за локални иницијативи.

 

23/01/2023