Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Статистика18

Поглавјето за статистика го опфаќа усогласувањето на националната статистичка инфраструктура со принципите на Европската Унија. Како главни од тие принципи можеме да се наведат – сигурност, транспарентност, непристрасност, доверливост на индивидуалните податоци и достапност до кредибилна службена статистика.  

Ова ја претставува основата за креирање на јавните политики, што создава подобри услови за поголемо темпо во социјалниот и економскиот сектор. 

 

Карактеристично за Поглавјето 18 се методите, класификацијата и процедурите за прибирање на податоци во повеќе различни области, меѓу кои и макроекономски и ценовни статистики, демографија и социјална статистика, регионална и статистика на бизнис, транспорт, надворешна трговија, земјоделие, животна средина, наука и технологија.  

Рамката во која функционира Европската Унија, во областа на статистиката, бара некои основни барања, како што се непристрасност, веродостојност, транспарентност, доверливост на поединечните податоци и дисеминација на официјалната статистика.  

 

Националните статистички институти дејствуваат како референтни и врзни точки  на методологијата, производството и ширењето на статистички информации.  

Од земјите кои се кандидатки и потенцијалните кандидатки се очекува постепено да ги зголемуваат активностите за собирање на податоци и нивното пренесување на статистиката до Европскиот статистички систем (ЕСС), во контекст на процесот на пристапување во Европската Унија. 

Западниот Балкан и Турција веќе обезбедуваат голем обем на податоци на годишна основа кои се дистрибуираат преку различни канали: 

  • Слободно достапна референтна база на податоци на Евростат 
  • Статистички објаснети написи кои покриваат специфични статистички домени 
  • Летоци и информативни листови за одредени статистички теми  
  • До 2019 година, статистичка книга (имало две верзии, хартиена и бесплатна онлајн верзија) 

Потоа, податоците се дистрибуираат во Евро-базата, најчесто преку доменот ENP-East, во серија статистички написи. 

За Европската Унија, Законот за статистика ги дефинира основните услови, процедури и општи одредби кои ја регулираат официјалната статистика, поделбата на одговорностите помеѓу националните и статистичките органи на ЕУ. 

Националните статистички органи се националните статистички заводи, институти, агенции или биро, покрај другите тела задолжени за производство и ширење на официјалната статистика. 

 

Националните статистички заводи се очекува да се усогласат со Европскиот статистички систем кој се однесува на партнерството помеѓу Статистичката служба на ЕУ (Евростат) и националните статистички заводи и има за цел да произведе споредливи статистички податоци во ЕУ, за темите: 

  • Изработка на споредливи статистички податоци за земјите-членки и земјите кандидати во однос на дефиницијата и методологијата  
  • Усвојување стандарди на ЕУ поврзани со дефиницијата, методологијата, класификацијата, зачестеноста на објавувањето и слично 
  • Користење на кохерентни и споредливи статистички податоци во процесот на преговори  

Не е потребно транспонирање во националното законодавство бидејќи поголемиот дел од правната рамка на  Европската Унија има форма на регулативи. 

Како дел на секторските статистики може да ги наброиме: 

  • Статистика за надворешна трговија  
  • Статистика за земјоделство и рибарство 
  • Статистика за вработување, распределба на приходите и социјалното осигурување  
  • Туризам, телекомуникации, информатички и комуникациски технологии 
  • Транспорт 
  • Економска и монетарна политика 
  • Статистика на цените и паритет на куповната моќ, структурни деловни статистики  
  • Енергетска статистика  
  • Регионална статистика  
  • Здравствена статистика  
  • Статистика за животна средина  
  • Статистика за образование и култура 
  • Статистика на шумарство  
  • Демографска статистика 

Македонија е умерено подготвена во областа на статистиката, Постигнат е добар напредок, најмногу во финализирањето на објавувањето на податоците од пописот на населението, во декември 2022 година. Забележани се подобрувања во повеќето статистички области и во усогласувањето на секторските статистики (набројани во точка 3) со стандардите на Европската Унија, вклучувајќи и подобра употреба на административните извори.  

Потребни се дополнителни и континуирани напори за да се подобри опсегот и квалитетот на податоците кои се во основата на макроекономската и социјалната статистика.  

 

Во периодот кој доаѓа, Македонија треба најмногу да се фокусира на следниве работи: 

  • Спроведување на пописот на земјоделството до јуни 2024 година 
  • Обезбедување на соодветен персонал и доволно финансиски средства за Државниот завод за статистика 
  • Продолжување со подобрувањето во макроекономската статистика, особено преку зајакнување на конзистентноста, навременоста и покривањето на процедурата за прекумерен дефицит и статистиката за државните финансии, со дополнително усогласување на финансиските сметки и кварталните национални сметки со Европскиот систем на сметки  

Статистичката инфраструктура достигна високо ниво на усогласеност во правото на ЕУ и меѓународните стандарди. Во февруари 2023 година, Владата усвои нова програма за статистички истражувања за 2023-2027 година. Следен главен статистички производител – Централната банка, останува целосно посветена на Кодексот на практика на европската статистика.  

За управување со квалитетот, во 2023 година Државниот завод за статистика воведе внатрешна ревизија на квалитетот за следење на квалитетот на производите и процесите.  

Во однос на класификациите и регистрите, главните квалификации се во согласност со достигнувањата на ЕУ и редовно се ажурираат. Достигнат е напредок во употребата на административни податоци за развој на регистарот за вработување. Вкупното поднесување на податоци до Евростат е зголемено.  

Следно, во однос на макроекономската статистика, постигнат е ограничен напредок во однос на табелите за постапката за прекумерен дефицит.  

Во деловната статистика е постигнат добар впечаток. Во јуни 2023 година, Државниот завод за статистика спроведе трето пилотно истражување за меѓународна статистика за трговија со услуги по географска поделба. Врз основа на барањата за европската деловна статистика, методологијата за составување структурни деловни статистики е подобрена, со што е проширен опфатот на активностите и се усовршува пресметувањето на променливите и техничкиот формат за пренос на податоци.  

Создаден е алгоритам за пресметување на основните променливи за фирмите кои обезбедуваат финансиски услуги и прелиминарните податоци за 2021 година беа испратени до Евростат во октомври 2022 година. Во тек е работата за формирање на статистичка единица комплексни претпријатија. 

Постигнат е добар успех и во однос на социјалната статистика. Државен завод за статистика (ДЗС) ги објави податоците од пописот на населението во 2021 година. Врз основа на податоците на пописот, во јуни 2023 година, ДЗС изработи нови временски серии на податоците за населението на националното ниво. Доставувањето на резултатите од истражувањето за приход и услови за живот е одложено поради недостиг на кадар. 

Исто така е постигнат напредок во земјоделската статистика, во јуни 2022 година, ДЗС спроведе попис на земјоделството. Потребно е да се забрзаат подготовките за главниот земјоделски попис во 2024 година, вклучувајќи ги и законодавната и буџетската рамка. 

За статистиката за енергија и животна средина, во мај 2023 година беа составени монетарни сметки за животната средина за главните даночни категории, расходите за заштита на животната средина. Сметките за проток на физичка енергија беа составени за секоја референтна година помеѓу 2019 и 2020 година. Инклузивноста на податоците за енергетските биланси се зголеми благодарение на вклучувањето на сончевата топлинска енергија.