Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Финансиска контрола32

Финансиската регулатива е главната точка за принципите и процедурите кои го регулираат контролирањето, воспоставувањето и спроведувањето на буџетот на Европската Унија. Таа подлежи на ревидирање, и тоа е флексибилно, односно тоа се прави секогаш кога е неопходно, но, се прави и најдоцна две години пред крајот на повеќегодишната финансиска рамка.

Секторите, како што се јавната внатрешна финансиска контрола, надворешната ревизија, заштитата на финансиските интереси на Европската Унија, ревизорското тело за ревизија на ИПА и заштитата на еврото од фалсификување се опфатени преку финансиската контрола.

Јавниот сектор придонесува со големи суми на средства кои се користат за финансирање на економијата и потребите произлезени од неа и е одговорен за ефикасно управување и распоредување на средствата што му се доделени и доверени од страна на даночните обврзници на земјите кои што се членки на Европската Унија.

За да се подобрат перформансите во раководната одговорност и стабилното финансиско управување со приходите и расходите и надворешната ревизија на јавните средства, политиката за финансиската контрола на Европската Унија развила реформи на националните системи.

Јавната внатрешна контрола придонесува за воспоставување на модел кој ги исполнува меѓународните стандарди во финансиското управување и контролата на користењето на јавните средства. Преку ваквиот модел, се обезбедуваат основните принципи кои би помогнале во борбата против измамата и корупцијата.

Преку воспоставените правила на финансиската политика, Европската Унија ги штити финансиските интереси и ја намалува можноста за измама која што би можела да настане при управувањето со средствата и фондовите и се бори против фалсификувањето на еврото.

Транспарентност, отчетност, ефикасност и ефективност се четирите постулати на јавната внатрешна финансиска контрола на Европската унија која треба да изгради одржливи јавни институции за целосно реализирање на стратешките цели на ЕУ.

Во европското законодавство не постојат унифицирани мерки, туку секоја членка засебно ја организира внатрешна контрола и ревизија во јавниот сектор согласно меѓународните стандарди и најдобрите европски практики и принципи. Сепак, клучна за тоа е Директивата за заштита на финансиските интереси на ЕУ, која предвидува формирање на национално тело надлежно да постапува во случај на измама или проневера на европските средства и да соработува Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ).

Како резултат на барањето на земјите-членки на Европската Унија во 2012 година, Европската комисија лансира мрежа на Participant Identification Code – PIC (деветоцифрен број кој служи како единствен идентификатор за правните субјекти кои учествуваат во европските програми за финансирање) која се состанува на редовни конференции. Првата конференција е одржана во Брисел и името на мрежата беше сменето во Мрежа за подобро трошење или BSN.

За да постои ефективно и ефикасно заштитување на финансиските интереси на Европската Унија, на пример, Република Македонија како корисник на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), има воспоставено систем кој овозможува:

  • Финансиски прилагодувања и поврат на неправилно исплатените средства, согласно со националните постапки за поврат на средствата
  • Спречување, откривање, административна проверка, следење и корегирање на неправилностите при извршувањето на своите задачи
  • Истрага и ефективен третман на сомнителните случаи на финансиска измама, судир на интереси и неправилности
  • Навремено известување за неправилности и превземање на ефективни и соодветни мерки за спречување на неправилности, земјаќи ги во предвид и идентификуваните ризици

 

Институциите и органите кои што учествуваат во овој систем за управување со неправилностите се:

  • Органи во рамки на системот за управување и контрола со ЕУ-средствата
  • Одделение за координација на борба против измама на ЕУ-средствата (во рамки на Министерството за финансии и АФКОС мрежа), АФКОС или Anti-Fraud Coordinating Structures.

Преку Поглавјето 32 се опфаќаат сите меѓународни стандарди, критериуми, рамки и практики кои се усвоени и признаени од ЕУ, а се однесуваат на јавната внатрешна финансиска контрола (ПИФЦ).

Преку принципите и правилата донесени за финансиската контрола, секоја земја која што е членка на Европската Унија треба во својот систем да ги има воспоставено одредбите:

  • Одговороност за постигнување на целите
  • Релевантни организациски структури, вклучително и централна координација на развојот на ПИФЦ во јавниот сектор
  • Фунционално незавнисна внатрешна ревизија

 

Финансиското управување со националните фондови и внатрешната контрола на финансиското управување со фондовите на ЕУ се основните составни делови на ПИФЦ. Исто така е важно да се нагласи, дека децентрализираната одговорност на раководството која што е потребно да се применува на целиот јавен сектор е носечкиот принцип на ПИФЦ.

Усогласувањето со финансиската контрола, подразбира потреба од институционална, оперативна и финансиски независна институција за надворешна ревизија, која што треба да го спроведува ревизорскиот мандат во согласност со стандардите на Меѓународната организација на врховни ревизорски институции и да подготвува извештаи до Парламентот за употребата на ресурсите во јавниот сектор.

  • Европската комисија има подготвено нов План за раст за Западниот Балкан со кој ќе се даде поддршка на балканските земји кои се партнери, преку зајакнувањето на регионалната економска интеграција и обезбедувањето на подобра интеракција со единствениот пазар на Европската Унија.
  • Бидејќи Македонија беше погодена од руско-украинската војна и енергетски и економски, тоа доведе до пораст на инфлацијата и пад на БДП. За таа цел, Европската Унија и помогна на Македонија во макрофинансиски поглед.
  • Преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Европската Унија и помага и ја поддржува Република Македонија во донесувањето и спроведувањето на сите реформи. Реформите ги опфаќаат областите од политичка, економска, социјална, административна, правна и институционална природа, за да се постигне постепено усогласување со стандардите и практиките на Европската Унија, а тоа на крај да доведе до полноправно членство на Република Македонија во ЕУ.
  • Република Македонија како корисник на ИПА ги почитува начелата за стабилно финансиско управување, недискриминација, транспарентност и обезбедуање на видливоста на помошта, воедно и обезбедува ниво на заштита на финансиските интереси пропишани во Финансиската регулатива на Европската Унија.
  • Во Македонија, за да се подобри законската, оперативната и институционалната рамка околу прашањето за превенцијата, откривањето и борбата против неправилностите и измамите, покрај имплементирањето на ЕУ фондовите е донесена и Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската Унија.
  • Република Македонија, има воведено мерки, насочени кон справување со неформалната економија и негативните последици од емиграцијата на работната сила, во областа на пазарот на трудот. Во поглед на зачувувањето на стабилноста на цените, Македонија е спремна да воведе построги монетарни политики, доколку е тоа потребно, а во однос на зголемувањето на конкурентноста на економијата, спремна е да ја донесе стратегијата за паметна специјализација и стратегијата за унапредување на извозот.
  • Република Македонија ги доби следните препораки од ЕУ, поточно Европската Комисија, со цел да бележи само напредок:
  • Зајакнување на управувањето со јавните финансии (односно усвојување на законот за јавна внатрешна финансиска контрола и законот за заводот за ревизија, за да се подобри парламентарната контрола врз спроведувањето на буџетот)
  • Спроведување на Органски закон за буџет (што подразбира целосна примена на фискалните правила, зајакната буџетска рамка, подобро управување со фискалните ризици, брза операционализација на Фискалниот Совет)
  • Укинување на нетаргетираните субвенции за енергетскиот сектор
  • Зајакнување на управувањето со јавните инвестиции
  • Даночни реформи за зголемување на приходите

Работна група (за подготовка на НПАА и на преговарачки позиции)

Институција носител за Работната група за Поглавјето 32:

 ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА е:

Министерство за финансии.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следната институција:

Министерство за внатрешни работи
Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија
Државен завод за ревизија
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

Во работната група а во зависност од подрачјето на работната група ќе учествуваат и следните институции:

JАВНА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА И НАДВОРЕШНА РЕВИЗИJА за кое подрачје институција носител е:

Министерство за финансии.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следната институција:

Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
Државен завод за ревизија

ЗАШТИТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ЕУ  за кое подрачје институција носител е :

Министерство за финансии.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следната институција:

Министерство за финансии – Управа за финансиска полиција
Министерство за внатрешни работи
Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.

Други релевантни институции и актери

Народна банка на Република Северна Македонија
ЦФЦД Сектор за Централно финансирање и склучување на договори
Министерство за финансии – Царинска управа