Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Надворешни односи30

На надворешните односи може да се гледа како на односи кои што постојат помеѓу суверените држави, а во овој случај на надворешната политика (надворешните односи) на Македонија.

Во надворешните односи на ЕУ како главни точки може да се сместат заедничката трговска политика, билатералните договори со трети земји, развојната политика и хуманитарната помош.

 

  • Заедничката трговска политика е во целосна надлежност на Европската унија и прописите кои се носат имаат директна примена на целата територија на ЕУ, односно во сите-земји членки. Заедничката трговска политика е една од темелите на надворешните односи на Европската Унија. Со неа се опфатени и договорите на ЕУ за слободна трговија, договорите за асоцијација, партнерство и царински унии. Ги поставува основните правила во рамките на царинската унија и заедничките царински тарифи во рамки на трговските односи на земјите-членки на ЕУ со трети земји.

Главните цели на Заедничката трговска политика е развојот на светската трговија, укинувањето на ограничената меѓународна трговија и намалувањето на бариерите при преминување на царините. Особено внимание во Заедничката трговска политика се става на стоките со двојна примена, односно стоки чија примена освен за цивилни може да се користи и за воени потреби, кршење на човековите права.

 

  • За билатералните договори со трети земји, Европската комисија поседува овластување и моќ да преговара и да склучува трговски договори во име на земјите-членки. Билатералните односи вклучуваат трговски договори, договори за прашања поврзани со енергетика, наука, животна средина и образование.

 

  • Развојната политика и хуманитарната помош се во паралалена надлежност на Европската Унија и земјите-членки. Европската комисија има право да раководи со буџетот и програмите за развојна помош, додека земјите-членки можат да развиваат свои програми и да донираат дополнителни средства. Европската Унија заедно со нејзините членки финансираат половина од целата меѓународна помош за развој. Во тој поглед, тука спаѓаат проектите за економски развој, изградбата на демократски институции, изградбата на инфраструктурата, развојот на макроекономските програми и промовирањето на човековите права.

Надворешните политики на Европската Унија се насочени кон региони и држави кои се надвор од ЕУ и нив ги надгледуваат европските институции и земјите кои се членки.

Политиката на Европската Унија во основа овозможува преговори за трговски договори, соработка околу еколошките, здравствените, енергетските и климатските прашања и спроведува програми на Европската политика за соседство во однос на нејзините најблиски меѓународни соседи.

Со Лисабонскиот договор од 2009 година, се направи реорганизација на работата на ЕУ со создавање на Европски служби за надворешна акција кои служат како дипломатска алатка. Шефот за надворешната политика помага во координирањето на надворешната акција на ЕУ и ја претставува ЕУ на глобално ниво. Исто така, тој е член и на Европската комисија.

Понатака, во оваа област учествуваат и:

  • Советот за надворешни работи кој е одговорен за надворешната акција на ЕУ (надворешна политика, одбрана и безбедност, трговија, развојна соработка, хуманитарна помош)

 

  • Европската комисија која врши надвор врз клучните политики на ЕУ (проширувањето, развојната соработка, хуманитарната помош, трговијата)

 

  • Земјите-членки кои ја надгледуваат заедничката надворешна и безбедносна политика (кога имаат состанок во Советот за надворешни работи)

 

Поглавјето 30 е креирано како резултат на билатералните и мултилатералните трговски обврски на Европската Унија и автономните преференцијални трговски мерки.

Во сферата на хуманитарната помош и развојната политика, земјите-членки се обврзани да се придржуваат кон законодавството на ЕУ, меѓународните обврски и да обезбедат капацитет за учество во развојните и хуманитарните политики на Европската Унија.

 

Во областа на трговската политика, таа ги уредува извозните и увозните царински стапки, инструментите за трговската одбрана, развојната политика и нетарифните бариери.

 

Со Лисабонскиот договор, политиката на странските инвестиции е во надлежност на Европската Унија и земјите-членки, поточно, ЕУ ја има целата надлежност во свои раце околу преговорите за инвестиции со трети земји.

Во делот на развојната политика се воспоставуваат заеднички правила за управување со финансиските инструменти кои се обврзувачки и за ЕУ и за земјите корисници.

Генерализираниот систем на преференции и Европскиот фонд за развој се од клучно значење за оние земји кои се наоѓаат во развој. Меѓу инструментите на ЕУ за развојна политика се Инструментот за демократија и човекови права, Инструментот за стабилност и мир, Партнерскиот инструмент и Инструментот за соработка во нуклеарна безбедност.

Во развојната политика на ЕУ спаѓа и Инструментот за претпристапна помош (ИПА) чиј корисник е и Македонија. До 2027 година треба да се заврши реорганизациија на дел од инструментите на развојната политика, започната 2021 година.

Притоа приоритет во делот на развојната политкика ЕУ става на Африка, Западниот Балкан и најнеразвиените земји, додека пак прашањата на кои ќе биде посветено поголемо внимание ќе бидат безбедноста, климата, миграциите и човековите права.

 

Хуманитраната помош на ЕУ се разликува од развојната помош и се активира во случаи на природни и човекови катастрофи за ублажување на последиците од нив.

 

Македонија во моментот е умерено подготвена во областа на надворешните односи и ја продолжува својата соработка со Европската Унија. Земјата треба да го зајакне административниот капацитет во однос на контролата на извозот на стоки кои се со двојна примена.

 

  • Во однос на заедничката трговска политика, Македонија ги координира своите позиции и се повеќе ги усогласува своите политики со позициите и политиките на Европската Унија, вклучително и во рамките на Светската трговска организација, додека пак за развојната политика и хуманитарната помош усогласувањето на Македонија со ЕУ оди побавно. Земјата треба да воспостави и законска рамка, согласно европските политики и принципи, која би ја опфатила меѓународната соработка и развојна политика, како и хуманитарната помош кон земји кои не се членки на ЕУ.

 

 

  • Земјата треба и да продолжи со имплементација на Централно-европски договор за слободна трговија (ЦЕФТА), пред се во делот на Протоколот 6 за трговија со услуги, но и склучување и усвојување на дополнителен Протокол 7 за решавање спорови.

ЦЕФТА ги опфаќа земјите од Западниот Балкан и Молдавија и овозможува спроведување на услуги на следниве начини:

  • Непосредно – давателот на услугите од едната држава ги обезбедува услугите на потрошувачите од другата држава
  • Кога потрошувачот патува од едната до другата држава за да добие услуга
  • Кога добавувачот на услуги од едната држава регистрира компанија или филијала во другата држава, за да обезбеди услуги на локално ниво
  • Кога добавувачот од едната држава привремено испраќа луѓе да пружат услуга на другата држава

 

  • Овие начини беа надградени и прифатени со Дополнителниот протокол 6, кој ја прошири ЦЕФТА на трговија со индустриски и агро-хранителни стоки, но и на трговија со услуги. Протоколот се применува од 2021 година. Со него, се предвивдени и обврските за државите, односно отстранувањето на постоечките ограничувања и е еден вид на гаранција дека ограничувањата нема да бидат воведени во иднина.

Земјите од ЦЕФТА можат да го условуваат пристапот на нивниот пазар за даватели на услуги од другите пазари на ЦЕФТА со добивање лиценца, поседување на посебни квалификации или придржување кон одредени стандарди.

 

  • ЦЕФТА беше дополнета и со Доверливиот механизам за решавање на спорови кој што помага во економската соработка и зголемувањето на трговијата помеѓу државите и нивно понатамошно вклучување во единствениот пазар на Европската Унија. За таа цел, се одржаа дводневни преговори во Подгорица за Дополнителен протокол 7 кој ќе го дополни Механизмот за решавање на спорови правејќи го поефикасен.

Механизмот, подразбира процес кој содржи правила за решавање на спорови кои би можеле да настанат помеѓу две или повеќе страни кои се трговски активни. Целта на продолжените преговори е воспоставување на брз, транспарентен, прилагодлив и економичен механизам за решавање на спорови. Самиот систем треба да биде предводен од правила, независност, непристрасност и способност, да обезбеди гаранција за заштита и спроведување. Преку овој систем, ќе биде обезбедена поголема доверба кај инвеститорите во градењето на бизнис со нови пазари, што е и главната причина зошто овој механизам е од голема важност за Западниот Балкан.

 

 

  • Со регулативата за Глобална Европа, се воспоставува Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка, дизајниран за поддршка и промовирање на основните интереси, вредностите и принципите на ЕУ со цел полесно да се одговори на предизвиците и кризите, да се зголеми ефикасноста и ефективноста на надворешните политики на ЕУ и да се зацврсти координацијата со внатрешните политики.

 

Преку Инструментот може да се опфата повеќе сфери кои се од круцијално значење за Европската Унија, нејзините членки и секако, оние кои се со статус на кандидатки:

  • Намалување и искоренување на сиромаштијата
  • Промовирање на демократијата
  • Владеење на правото
  • Почитување на човековите права
  • Промовирање на одржливиот развој и борбата против климатските промени
  • Решенија за неправилната миграција и присилното раселување
  • Промоција на мултилатералните односи
  • Посилни партнерства со земјите кои не се членки на унијата (вклучувајќи го и соседството кое територијално не припаѓа во Европа)

 

  • Во делот на хуманитарната помош, Генералниот директорат за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош на Европската Комисија ги финансира операциите за помош и ги координира политиките и активностите на земјите-членки, додека пак, Парламентот и Советот се во функција на созаконодавци во обликувањето на политиката за хуманитарна помош и се учесници во глобалната дебата за поефикасна хуманитарна акција.

Работна група (за подготовка на НПАА и на преговарачки позиции)

Институција носител заРаботната група за Поглавјето 30:

НАДВОРЕШНИ ОДНОСИ е:

Министерство за економија.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Министерство за финансии
Министерство за транспорт и врски
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за култура
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии – Царинска управа
Агенција за супервизија на осигурување
Македонска банка за обнова и развој.

Во работната група а во зависност од подрачјето на работната група ќе учествуваат и следните институции:

ЗАЕДНИЧКА ТРГОВСКА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е:

Министерство за економија.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за финансии – Царинска управа
Министерство за финансии

БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ СО ТРЕТИ ЗЕМЈИза кое подрачје институција носител е

Министерство за економија.

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за надворешни работи
Министерство за финансии

РАЗВОЈНА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е

Министерство за надворешни работи

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за економија
Министерство за финансии

ХУМАНИТАРНА ПОМОШза кое подрачје институција носител е

Министерство за надворешни работи

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за економија
Центар за управување со кризи
Дирекција за заштита и спасување.

Други релевантни институции и актери

Стопанска комора на Република Македонија
Сојуз на стопански комори
Стопанска комора на северозападна Македонија
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии.

ЦЕФТА Централно-европски договор за слободна трговија официјална страна
RCC Регионален центар за соработка за Југоисточна Европа
WTO/СТО Светска трговска организација : Македонија и СТО
ЕУ Програма EUCPM: Механизам за цивилна заштита на ЕУ 
ECHO Европскиот директорат за хуманитарна помош и цивилна заштита
Национален комитет за олеснување на трговијата
Инфо страна на МЕ: СТО Спогодба за олеснување на трговијата
Закон за надворешни односи: пречистен текст
Закон за меѓународни рестриктивни мерки
Резиме на европско законодавство на EUR - Lex за Надворешни односи
Резиме на европско законодавство на EUR - Lex за развојна политика
Резиме на европско законодавство на EUR - Lex за трговска политика
Резиме на европско законодавство на EUR - Lex за хуманитарна политика
Службата за надворешни односи на ЕУ:  EuropeanExternalActionService
Глобална Стратегија на ЕУ
Одговор за безбедност, одбрана и кризи
Мултилатерални односи
Човечки права и демократија
Заштита на бегалци и миграција
Хуманитарен и итен одговор
Развој и соработка
ЕУ Проширување и соседство
Економски односи, поврзаност и иновации
Трговска политика на ЕУ и одржлив развој
Политичко – безбедносен комитет на ЕУ