Ресурсна платформа за граѓани и медиуми

Претпријатија и индустриска политика20

Објаснувачкиот состанок (скрининг) за Преговарачко поглавје 20 е одржан на 29.01 и 30.01.2019

Според насоките на европската Стратегија за економски развој, за раст и работни места „Европа 2020“, чија цел е зајакнување на Европската унија внатрешно и меѓународно, приоритетите на Европа се поефикасно производство и зајакнување на конкурентноста, како и поттикнување на знаење и иновации и создавање на нови и подобри работни места. Претприемништвото и индустриската политика на Унијата се насочени кон постигнување на конкурентска економија во лицето на глобализацијата, демографските промени и потребата за одржлив развој.

Политиката за претпријатието и индустриската политика на ЕУ опфаќа повеќе области  како што се:

  • Политика на поддршка на претпријатија и претприемништво (МСП)
  • Индустриска политика
  • Подобрување на пристап до финансирање и
  • Специфични секторски политики/мерки кои имаат за цел зајакнување на конкурентноста.

Цел на политиката на претпријатија и индустриската политика на ЕУ е да промовира индустриски стратегии кои ја зголемуваат конкурентноста, го забрзуваат прилагодувањето кон структурните промени, го охрабруваат создавањето на поволното деловно опкружување низ ЕУ, ги зголемуваат домашните и странските инвестиции, го подобруваат целокупното деловно опкружување во кое работат малите и средни претпријатија и ги охрабруваат претприемништвото и иновациите.

Покрај индустриската стратегија, оваа политика на ЕУ исто така вклучува приватизација и реструктуирање и подеднакво се однесува на компаниите, индустриските сектори и европската индустрија како целина.

Инструментите на политиката за претпријатија и индустриска политика се развиени во рамките на Програмата за конкурентност и иновации на ЕУ (CIP32) 2007 -2013 година. Продолжувањето на активностите во рамките на оваа програма се реализира преку COSME (Програма за конкурентност на претпријатијата и малите и средни претпријатија – Програма за конкурентност на МСП) и Хоризонт 2020. Целта на програмата COSME е да се поттикне конкурентноста и одржливоста на малите и средните претпријатија преку поттикнување на претприемничка култура и промовирање на растот и развојот на секторот на МСП. Програмата се состои од мерки насочена кон намалување на сите ограничувања кои го попречуваат растот на бизнисот, вклучително и подобро деловно опкружување, полесен пристап до финансии, промовирање на претприемничка култура и интернационализација на малите и средни претпријатија. Хоризонт 2020 финансира активности за поттик на иновации, како и иновативните мали и средни претпријатија (МСП).

Покрај тоа, Инвестицискиот план за Европа и Европскиот фонд за стратешки инвестиции (ЕФСИ) имаат за цел да мобилизираат најмалку 500 милијарди евра во приватни и јавни инвестиции до 2020 година. Два повторливи приоритети во овие програми и иницијативи се МСП и иновациите.

Важен инструмент на оваа политика е Директивата 2011/7/ЕУ за борба против задоцнето плаќање во трговските трансакции. Инструментите за претприемништво и индустриска политика вклучуваат финансиски мерки и регулаторни мерки, како и соодветни капацитети на национално, регионално и локално ниво.

Правното наследство содржано во поглавјето за претприемништво и индустриска политика во голема мерка се состои од принципи на политиката и препораките за политиките содржани во соопштенијата, препораките и заклучоците на Советот, кои имаат за цел да ја подобрат формулацијата на политиката и координацијата преку претпријатијата на внатрешниот пазар, засновано врз заедничка дефиниција за мали и средни претпријатија -МСП. Тие се предмет на консултации и размена на мерки на добра пракса. Акито во ова Поглавје опфаќа и инструменти на јавната политика, вклучувајќи финансиска поддршка и регулаторни мерки (КОСМЕ и Директивата за задоцнето плаќање) како и секторски политики, вклучувајќи препораки за понасочена анализа на конкурентноста на одделните сектори (од модна индустрија, преку туризам се до аеронаутика). Овие секторски  политики на поддршка на претпријатијата опфажаат мерки и иницијативи како што се групи на високо ниво, форуми за политиките, студии и експертски панели како и консултации.:

Ова значи дека законодавството на ЕУ во оваа област во принцип не бара транспонирање во националното законодавство или конкретни мерки за спроведување и извршување. Така, индустриската политика делумно се спроведува на национално и делумно на наднационално или европско ниво. Одговорна Дирекција за индустриска политика и претприемништво во ЕУ е Генералниот Директорат за внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и МСП.

Ова поглавје е едно од полесните поглавја за преговори. Досега, ниту една земја-членка со преговори нема побарано преодни периоди или специјални аранжмани во врска со ова поглавје. Од државите-кандидатки се бара да презентираат индустриски политики и стратегии за реструктуирање со цел да проценат дали нивните индустриски политики се во согласност со принципите на ЕУ. На пример, сите државни претпријатија во Македонија би требало да поминат низ процес на реструктуирање, што подразбира структурни и организациски промени во тие компании и нивна подготовка за независно и конкурентно учество на пазарот.

Спроведувањето на овие политики бара соодветни административни капацитети на национално, регионално и локално ниво, вклучувајќи и механизми за ефикасна консултација и соработка за ефикасно формулирање и спроведување на квалитетни политики.

Индустриската политика е тесно поврзана со другите поглавја во преговорите, особено со политиката на конкуренција (вклучително и државната помош), бидејќи индустриската политика на ЕУ има надлежност да ги контролира и ограничува субвенциите и другите форми на државна помош, како на национално така и на национално ниво. ЕУ. Во овој поглед, поглавјето на претпријатијата и индустриската политика преобразува различни области на хоризонтална политика.

  • Развој на мало и средно претприемништво – Малите и средните претпријатија во Македонија сочинуваат над 98,0% од сите економски оператори, а овој удел е еднаков на оној во повеќето држави-членки на ЕУ. Приоритетни области за стимулирање на развојот на малите бизниси во Македонија се конкурентноста и иновативноста, претприемништвото за млади, почетници и лица со посебни потреби, женско претприемништво, поволно финансирање и образование за претприемништво. Институционална поддршка за малите и средни претпријатија во Македонија би била обезбедена преку претприемачки инкубатори, технолошки паркови, претприемачки центри и агенции за развој. За поттикнување на развојот во сите овие области, постојат посебни финансиски инструменти во рамките на европските фондови, како на пр. финансиските иницијативи на Европската инвестициона банка-ЕИБ.
  • Подобрување на понудата и квалитетот на електронските услуги (Е-услуги) – Спроведувањето на Европската повелба за мали претпријатија елиминира бројни административни пречки преку активности на развој на електронски јавни услуги и содржини, како што се е-влада (примена на информациско-комуникациска технологија во деловната јавна администрација), е-правда, е-образование, е-здравство, е-култура, е-бизнис, е-пензија и и одредени е-Индикатори (статистика на информатичкото општество) Во Македонија веќе функционираат некои од нив , како на пр. услугите за е-данок или е-катастар.
  • Квалитетни политики за различните индустриски сектори. Во согласност со европските регулативи, Македонија ќе има можност да води индустриска политика заснована врз примена на хоризонтални мерки. Тоа значи напуштање на селективните мерки, што подразбира државно мешање во економските текови, освен во исклучителни случаи кога елиминирањето на неуспесите на пазарот го оправдува овој интервенционизам. За да биде ефективна и ефикасна како целина, индустриската политика ги зема предвид специфичностите на секој индустриски сектор, неговите карактеристики и потреби, особено во однос на предизвиците и можностите со кои се соочува во глобалното опкружување.
  • Промовирање на средина погодна за соработка помеѓу претпријатијата. Европските практики и принципите на индустриската политика ја поттикнуваат и овозможуваат соработка помеѓу претпријатијата со поттикнување на подобра експлоатација на индустрискиот потенцијал за иновации, истражувања и технолошки развојни политики.
  • Пристап и достапност на Програми на ЕУ за поддршка. Со пристапување во ЕУ на Македонија ќе и стојат на располагање голем број на политики, програми и иницијативи кои опфаќаат широк спектар на области и кои придонесуваат за индустриската политика на ЕУ членките. Такви се инструментите на Kохезионата политика, Хоризонт 2020, Инструментот за поврзување на Европа и Програма за конкурентност на претпријатија и за мали и средни претпријатија (COSME), чиј колективен буџет е нешто помалку од 200 милијарди евра.

Работна група (за подготовка на НПАА и на преговарачки позиции)

Институција носител за Работната група за Поглавјето 20:

ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА  е :

Министерство за економија.

Во групата ќе учествуваат и претставници на :

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
Министерство за економија.
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за Труд и Социјална Политика.
Министерство за локална самоуправа
Министерство за правда
Министерство за транспорт и врски
Министерство за финансии
Министерство за образование и наука.
Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија
Агенција за вработување на Република Северна Македонија
Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија
Комисија за заштита на конкуренцијата.

Во работната група а во зависност од подрачјето на работната група ќе учествуваат и следните институции:

ПРИНЦИПИ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА за кое подрачје институција носител е:

Министерство за економија

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за Труд и Социјална Политика.
Министерство за локална самоуправа
Министерство за финансии
Министерство за образование и наука
Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
Државен завод за индустриска сопственост
Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија
Агенција за вработување на Република Северна Македонија
Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија
Комисија за заштита на конкуренцијата.
Фонд за иновации и технолошки развој.

ИНСТРУМЕНТИ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКАза кое подрачје институција носител е:

Министерство за економија

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за образование и наука.
Министерство за Труд и Социјална Политика.
Министерство за транспорт и врски
Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
Државен завод за индустриска сопственост.

ПОЛИТИКИ ПО СЕКТОРИ за кое подрачје институција носител е

Министерство за економија

Во групата ќе учествуваат и претставници на следните институции:

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори
Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Други релевантни институции и актери

Агенција за поддршка на претприемништво на Македонија
Меѓуминистерска работна група за индустриска политика.
Македонска банка за поддршка на развојот
Економско социјален совет
Организација на работодавачи на Македонија
Национален совет за женско претприемништво
Стопанска комора на Република Македонија
Сојуз на стопански комори
Стопанска комора на северозападна Македонија
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии
Комора на мал бизнис.

Резиме на европското законодавство во областа Претпријатија и индустриска политика
Комитет на конкуренција на ОЕЦД
СТО Светска трговска организација Политиката на конкуренција и врска со трговијата
Портал на ЕУ за водење бизнис во ЕУ
Horizon 2020: Програма на ЕУ за истражување
COSME: Програма на ЕУ за МСП и конкурентност
Информативни страници на ЕК за Внатрешен пазар, индустрија, претприемништво и МСП
EnterpriseEuropeNetwork: Мрежа на европски претпријатија
YourEuropeBusinessPortal: Портал на ЕУ за водење бизнис во ЕУ
SME IP helpdesk: Канцеларија за поддршка на МСП за интелектуална сопственост
SBA: Европската повелба за МСП
Директорат за конкуренција
Политика на конкуренција: Катче за потрошувачите
Европска мрежа за конкуренција
Меѓународна организација  на потрошувачи
Портал на ЕУ за информирање и едукација на потрошувачите
Мрежа на европски потрошувачки центри
Европска организација на потрошувачи  BEUC
Меѓународна мрежа на институции во областа на заштита на конкуренцијата
Граѓанска платформа за Поглавјето 20
Опсерваторија на МСП (мали и средни претпријатија)-извештаи 2004-2017 АППРМ
ЕУ Програма за поддршка на конкурентноста на МСП во Македонија

Стратегија за развој на ЕУ: EUROPE 2020
Стратегија за развој на ЈИЕ (Југоисточна Европа) 2020
Визија за европската индустрија до 2030 год.
Јункер План -Инвестициски План за Европа 2021-2027
Програма за Конкурентност, Иновации и Претприемништво на Влада на Република Северна Македонија 2019
Стратегија за развој на женско претприемништво во Република Македонија, 2019 - 2023
Акциски план за имплементација на Стратегијата за развој на женско претприемништво во Република Македонија 2019 - 2023
Национална стратегија за мали и средни претпријатија (2018 – 2023)
Индустриска политика на Република Македонија 2009 - 2020
Индустриска стратегија на Република Македонија 2018-2027, со Акциски план
Закон за финансиска поддршка на инвестиции
Рамка за процесот на развивање стратегија за паметна специјализација S3 – SmartSpecializationStrategy
Стратегија за конкурентност со акционен план на Република Македонија 2016-2020 година
Закон за иновациска дејност
Национална стратегија за туризам во Република Македонија за 2016-2021 година
Среднорочна програма за работа на Фондот на иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на мали и средни претпријатија
Стратегија за претприемничко учење 2014 – 2020
Стратегија за иновации на Република Македонија 2012 – 2020
Закон за заштита на конкуренција
Закон за контрола на државната помош
Програма за заштита на потрошувачи за 2019-2020 год.
Леток за Програмата КОСМЕ
Брошура на фондацијата МИР за Поглавјето 20
Портал конкурентност.мк за информирање на бизнисот